
Пјер-Емерик Обамејанг изненадувачки дојде на „Камп Ноу“ оваа зима и веднаш се покажа како огромно офанзивно оружје за Чави Хернандез. Заедно со Феран Торес и со Адама Траоре, направија комплетно поинаков изглед на нападот на каталонскиот тим.
Тој се радува што вечерва на „Сантијаго Бернабеу“ за првпат ќе игра на Ел Класико.
„Тоа е најголемото дерби во светот. Сите со недели и месеци зборуваат за мегапресметките меѓу Реал Мадрид и Барселона. Верувам дека ќе уживам, а отсекогаш сум бил максимално мотивиран да играм против „кралскиот клуб“. Имаме сили за победа, во средниот ред е неверојатниот Педри, имаме и одличен напад, веруваме дека можеме до триумф“, порача Обамејанг.
Големиот дуел меѓу Реал Мадрид и Барселона, популарното Ел Класико, се игра вечерва (21 часот), на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид. „Кралевите“ се лидери на табелата и во моментот имаат дури 15 бода предност пред Барселона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Арсенал избегна пораз на „Енфилд“ (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Роналдо пред разделба со Ал-Наср?

Евро-фудбал
Чаби Алонсо има две желби за новиот Реал

Евро-фудбал
Рома остана без капитенот до крајот на сезоната
