Connect with us

Њукасл му порача на Исак: „Оваа година не одиш никаде“

Ливерпул во последните денови интензивно се обидуваше да го доведе Александeр Исак од Њукасл, но актуелниот англиски шампион се соочи со цврст отпор. Според англиските медиуми, Њукасл одбил две официјални понуди, вклучително и последната вредна 140 милиони евра – потенцијално најскапиот трансфер во летниот преоден рок.


Од клубот му порачале на шведскиот голгетер: „Оваа година не одиш никаде“.

На почетокот од неделата изгледаше дека преговорите се движат во позитивен правец, особено откако Исак поради недисциплина и предвремено напуштање на подготовките беше отстранет од првиот тим и упатен да тренира одвоено. Сепак, најновите информации јасно покажуваат дека трансферот на „Енфилд“ нема да се реализира.

Ливерпул е во серија скапи засилувања – досега го донесе Хуго Екитике за 95 милиони евра и Флоријан Вирц за 125 милиони, а во тимот се приклучија и Милош Керкез (47 милиони) и Џереми Фримпонг (40 милиони евра). Доколку се реализираше трансферот на Исак, вкупната летна потрошувачка на клубот ќе достигнеше околу 450 милиони евра.

Минатата сезона, Исак постигна 23 гола и запиша шест асистенции во 34 натпревари во Премиер – лигата. Од пристигнувањето во Њукасл во 2022 година од Реал Сосиедад за 70 милиони евра, има вкупно 62 погодоци и 11 асистенции на 109 настапи. Својата кариера ја започна во АИК Стокхолм, а потоа играше и за Борусија Дортмунд и Вилем Втори.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови