Навивач на Велс почина за време на Светското првенство во фудбал во Катар. 62-годишниот Кевин Дејвис бил примен во болницата Хамад во Доха, откако Велшаните загубија со 2-0 од Иран. Тој не бил на стадионот, остана во својот стан бидејќи не се чувствувал добро. Најверојатната причина за неговата смрт е срцев удар.
„Кевин Дејвис беше дел од Црвениот ѕид и сите сме уништени од веста за неговата смрт. Испраќаме сочувство до неговото семејство. Сите сме како едно големо семејство и сега изгубивме еден од нашите членови”, изјави Пол Кокри, претставник на Фудбалското здружение на поддржувачи на Велс.
Навивачот бил во Катар со својот син и неговите пријатели. Фудбалската асоцијација на Велс ќе направи се што е можно да помогне да се донесат посмртните останки на Кевин Дејвис дома.
Ова е втор смртен случај во Катар поврзан со СП 2022. Пред два дена во својата хотелска соба почина 65-годишниот британски ТВ стручњак Роџер Пирс.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Претседателот на Наполи ги нападна УЕФА и ФИФА
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички













