
Напаѓачот на Тотенхем, Доминик Соланке, бил подложен на операција на скочниот зглоб, потврди менаџерот Томас Франк на прес-конференција пред дуелот со Бодо/Глимт во Лигата на шампионите. 28-годишниот фудбалер нема настап уште од 23 август, кога неговиот тим славеше со 2-0 против Манчестер Сити.
„Дом имаше проблеми со зглобот извесно време. Терапијата не даде резултат и мораше да се направи мала операција. Сигурно ќе ги пропушти натпреварите оваа недела, а поголема јаснотија за неговото закрепнување ќе има по репрезентативната пауза“, изјави Томас Франк.
Од составот на Тотенхем испадна и капитенот Кристијан Ромеро, но неговото отсуство е превентивна мерка и дефанзивецот нема посериозна повреда.
Тотенхем ја започна Лигата на шампионите со победа над Вилјареал (1-0), а во англиското првенство се наоѓа на четвртото место – четири бода зад лидерот Ливерпул.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го освои Кратово и покажа дека има намера да се бори...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Недим Хаџиќ (Башкими)
Башкими има четири победи во седум кола и уште на стартот од сезоната им...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нов удар за Тотенхем: Соланке опериран
