Случаите на сексуално насилство во шпанскиот фудбал повторно го привлекуваат вниманието на јавноста, откако Алваро Агуадо, фудбалер на Еспањол, е под истрага поради наводно сексуално вознемирување. Според шпанскиот весник „Ел Паис“, против него е поднесена пријава од страна на вработена во клубот, а предметот се разгледува од 13. суд во Барселона.
Настанот наводно се случил на 23 јуни 2024 година, за време на прослава по повод враќањето на Еспањол во Ла Лига, која се одржала во клубот „Сан Жоан“ во Барселона. Жената не поднела пријава веднаш, туку неколку месеци подоцна, по што е активирана истрага. Агуадо треба да даде изјава пред судот во мај.
Овој случај доаѓа во период кога шпанскиот фудбал е под зголемен надзор поради повеќе слични инциденти:
Дани Алвеш, поранешен играч на Барселона, беше обвинет за силување во ноќен клуб, првично беше ослободен, но обвинителството во Каталонија ја обжали одлуката.
Рафа Мир, напаѓачот на Валенсија, е под истрага за сексуално посегателство од две жени на забава во неговиот дом.
Хуго Мајо, поранешен играч на Селта Виго, беше осуден во септември 2024 за сексуално вознемирување на жена облечена како талисман на Еспањол во 2019 година.
Во истрагата беа вклучени и млади играчи од Реал Мадрид, меѓу кои и Раул Асенсио, кој веќе е дел од првиот тим. Обвинени се за секс со малолетни девојки и за ширење на порнографски материјал, кој наводно бил снимен и споделен.
Со оглед на зачестеноста на ваквите случаи, јавноста и фудбалските институции се повикуваат на посериозна реакција и нулта толеранција кон вакви појави во спортот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП
Евро-фудбал
Зидан ја презема Франција по СП 2026
Евро-фудбал
Артета во проблем, Габриел ќе паузира два месеци
Евро-фудбал
Ливерпул и Египет во „клинч“ за Мохамед Салах
Евро-фудбал
Рафиња се врати на тренинзите на Барселона
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил
Евро-фудбал
Зидан ја презема Франција по СП 2026













