Во фокусот на спортската јавност во Италија е финансиската проневера на Јувентус, а последната во низата се однесува на нередовниот проток на пари во случајот со Кристијано Роналдо кој го напушти клубот на крајот на август.
Оваа вест денеска ја пренесува италијанскиот весник „Република“, а обвинителството во Торино ги истражува индициите дека Јувентус и Роналдо се во центарот на неоткриен трансфер на пари. Тоа значи дека спорната трансакција не била внесена во системот, а за колкава сума станува збор ќе се открие во понатамошниот тек на истрагата.
Овој извор наведува дека се започнало со откривањето на приватен разговор каде се зборувало за „хартија која теоретски не би требало да постои“.
Спортскиот директор на Јувентус, Федерико Черубини за тоа зборувал лично на телефон во септември, кога Роналдо веќе беше фудбалер на Манчестер Јунајтед. Ова е само продолжение на скандалот кој ја тресе „старата дама“ за лажно книговодство поради што можна е повторна преселба во Серија Б.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal