Рома го започна првенството со две победи во две кола, но тимот има големи проблеми со повредите. Клубот се уште не успеа да го „голтне“ тоа што долго време остана без засилувањето Џорџинио Вајналдум, а вчера остана и без Николо Заниоло.
Младиот италијански фудбалер, кој даде гол во финалето за Рома да го освои трофејот во Конференциската лига, кон крајот на првото полувреме на мечот против Кремонезе го повреди рамото.
Тој падна по еден старт на противнички дефанзивец и се пожали на болки во рамото, по што мораше да ја напушти играта.
Според „Скај Спорт“, Заниоло ќе отсуствува три до четири недели и ќе го пропушти големото дерби со Јувентус следната недела во Торино.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул му предложи нов договор на Шобослаи
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













