Мејсон Маунт не може да се ослободи од повредите, откако заработи нова повреда и го очекува долга пауза. Од Англија денеска пристигна потврда дека Маунт ја влошил состојбата со нова повреда на задната ложа, која го мачи веќе подолго време.
Лекарските прогнози велат дека го очекува пауза од најмалку два месеца, а можеби и до 10 недели.
Маунт ја почувствувал повредата на задната ложа во дербито против Манчестер Сити минатиот викенд, а ситуацијата се покажала многу полоша отколку што првично се предвидуваше.
Тој ќе мора да направи нова пауза, трета од почетокот на сезоната, бидејќи имаше проблеми и во септември и во октомври.
Мејсон Маунт истата повреда ја претрпе и минатата сезона, паузирајќи од крајот на ноември 2023 до средината на март, но потоа повторно ја обнови повредата во април и не успеа да се врати во својата вистинска форма.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул му предложи нов договор на Шобослаи
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













