 
																												
														
														
													Барселона минува низ тежок период. По разочарувачкиот пораз од Реал Мадрид во Ел Класико, каталонците се наоѓаат на пет поени зад вечниот ривал на врвот на табелата. Сега, тимот ќе мора да се справува и без еден од клучните играчи, Педри.
22-годишниот фудбалер за врска има повреда на тетивата на потколеницата и првичните прогнози беа дека ќе паузира околу еден месец. Сепак, според последните информации, тренерот Ханси Флик ќе мора да го преструктурира средниот ред за поголем дел од остатокот на 2025 година.
Според „АС“, отсутвото на Педри најверојатно ќе трае околу двапати подолго од претходно најавените три недели, што значи дека ќе пропушти најмалку осум натпревари. Тој нема да игра против Елче, Бриж, Селта, Атлетик Билбао, Челси, Алавес, Атлетико Мадрид и Бетис.
Во моментов, Флик располага со само три целосно подготвени играчи во средината на теренот, Френки де Јонг, Марк Касадо и Фермин Лопез. Иако ова го ограничува изборот, барем му ги олеснува одлуките.
Марк Бернал се враќа постепено, но сѐ уште не може да се смета на него сериозно. Позитивна вест е очекуваното враќање на Дани Олмо оваа или следната недела, иако и тој ќе мора постепено да се вклучи во тимот, без преголеми ризици.
 
												
																					- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГАВардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со... Автор makfudbal
- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст... Автор makfudbal
 
																					Евро-фудбал
Јувентус го претстави Спалети како нов тренер
 
																					Евро-фудбал
Маркус Турам се врати на тренинзите на Интер
 
																					Евро-фудбал
Баерн немаше проблеми во Купот на Германија
 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							













 
														 
														 
														