Connect with us

Нотингем Форест сака да го купи Дан Ндој, но мора да го „победи“ Наполи во трката

Нотингем Форест го насочи својот интерес кон десното крило на Болоња, Дан Ндоj, и веќе испрати понуда за швајцарскиот репрезентативец, пренесуваат медиумите на Островот, без да ги откријат финансиските детали.
Ндој веќе постигнал личен договор за условите со англискиот клуб.

„Шумарите“ не само што треба да се договорат со Болоња, туку и да го победат Наполи во трката за потписот на 24-годишниот фудбалер. Италијанскиот шампион веќе подолго време води неуспешни преговори, со оглед дека Болоња бара најмалку 40 милиони евра за трансферот.
Сепак, Ндој се договорил и со „партенопеите“ за личните услови.

Крилниот играч има две сезони на „Ренато Дал’Ара“, каде одигра 75 натпревари, постигна 11 голови и забележа осум асистенции. Токму со неговиот гол, Болоња го освои Купот на Италија минатата сезона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови