Connect with us

Нотингем Форест му даде отказ на Постекоглу по само 39 дена на кормилото

Нотингем Форест го отпушти менаџерот Анге Постекоглу по само осум натпревари на клупата, веднаш откако тимот доживеа пораз од 0-3 против Челси.

Поранешниот тренер на Тотенхем беше назначен пред само 39 дена, но не успеа да оствари ниту една победа на осумте меча што ги водеше.

Неговата ера е најкратката во историјата на Премиер – лигата.

„Фудбалскиот клуб Нотингем Форест потврдува дека по серија разочарувачки резултати и настапи, Анге Постекоглу е разрешен од својата функција како главен тренер со итно дејство. Клубот во овој момент нема да дава дополнителни коментари“, стои во клупското соопштение.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови