
Капитенот на Баерн Минхен, Мануел Нојер, потпиша нов договор со клубот. Тој ќе остане на „Алијанц арена“ до 2024 година.
„Многу сме среќни што Мануел Нојер го продолжи договорот со нас до 2024 година. Мануел е во Баерн од 2011 година, тој е наш капитен, тој е најдобриот голман во светот толку многу години и секако еден од нашите клучни играчи. Сакаме да бидеме успешни во сите натпреварувања во годините што доаѓаат. Мануел е нашата голема поддршка на теренот и надвор од него. Тој ќе продолжи да игра клучна улога за да ни помогне да ги постигнеме нашите цели“, изјави спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ.
Искусниот голман е среќен што продолжува во Баерн Минхен.
„Многу сум среќен што мојот пат продолжува во Баерн. Повторно ќе имаме многу добар тим, со кој можеме да се бориме за сите титули. Како голман, капитен и лидер сакам да бидам поддршка и одлучувачки фактор во нашите големи цели. Сакаме да го продолжиме нашиот шампионски рекорд и да атакуваме на трофеите во Купот на Германија и во Лигата на шампионите“, изјави Нојер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski