Фудбалерите на Пари Сен Жермен доживеаја елиминација во осминафиналето на Купот на Франција од Ница, која вечерва по пенали (5-6) славеше на „Паркот на принцовите“.
Апсолутен херој беше голманот на Ница, Марсин Булка, член на Пари Сен Жермен кој е на позајмица во Ница. Тој им ги одбрани пеналите на Паредес и на Чави Симонс и донесе голема победа на Ница.
Маурисио Покетино водеше силен тим, нападот го предводеа Меси, Икарди и Дракслер, во вториот дел влезе Мбапе, но домашните повторно беа неубедливи.
Марко Верати имаше шанса за ПСЖ, потоа Меси, но и Ница во неколку наврати возврати, а најопасен беше Џастин Клајверт, кога во 48. минута го сопре Донарума.
Клајверт за малку ќе донесеше повторно чудо, во 85. минута беше изблокиран од одлична позиција од десетина метри.
Во продолженијата најдобрата шанса ја имаше Мбапе, кој по корнер остана сам на втората статива, но беше малку непрецизен.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија













