Данска е на седмо небо. Фудбалската еуфорија од Европското првенство, каде одиграа навистина одлично и покрај шокантниот случај со Кристијан Ериксен кој ја загуби свеста среде натпревар, ќе продолжи и на мундијалот во Катар.
Селекторот Кјаспер Хулманд и неговите фудбалери испишаа неверојатна приказна. Со максимални осум победи во осум натпревари и без ниту еден примен гол (27-0 гол разлика) тие демонстрираа доминација во групата Ф и со 24 бода се наоѓаат на врвот, со недостижни седум бода повеќе од второпласираната Шкотска.

„Ова е бајка, ова е неверојатна. Ова е и за Кристијан, ова е за сите Данци. Благодариме за поддршката“, изјави во еуфорија селекторот Кјаспер Хулманд по триумфот над Австрија од 1-0, со кој и дефинитивно беше заверен пласманот на мундијалот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













