
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед се сигурни учесници во осминафиналето на Лигата на шампионите, но проблем пред натпреварот од последното коло од групната фаза може да направи новиот вид на коронавирусот познат како „омикрон“.
Овој сој се појави во Јужна Африка кон крајот на минатата недела, но по неколку дена ја „преплави“ половина Европа, па постои шанса Јунајтед да го нагости Јанг Бојс на неутрален терен.
Среќна околност е што овој меч нема поголемо натпреварувачко значење за „ѓаволите“, кои на тој меч ќе ги предводи новиот тренер Ралф Рангник. Од друга страна, тоа може да биде убава можност за швајцарскиот тим, бидејќи Јанг Бојс сака да го освои третото место на табелата и пласман во Лига Европа.
Јанг Бојс ќе се пласира во нокаут фазата од Лига Европа под услов Аталанта да загуби во Бергамо од Вилјареал, а швајцарскиот тим да го победи Јунајтед. Двата меча се закажани за 8 декември.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат
