Поранешниот фудбалер на Вардар, кој сега е истакнат член на ВМРО ДПМНЕ, Владимир Нелоски, го обвини актуелниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, за состојбата во која се наоѓа најтрофејниот македонски фудбалски клуб. Вардар испадна од Првата лига и се наоѓа во катастрофална ситуација.
„Точно пред една година на едно телевизиско соочување му порачав на Петре да се обединиме, и леви и десни, и власт и опозиција, околу прашањето за фудбалскиот клуб Вардар. За жал, тој тогаш таа понуда ја одби, и во овој момент фудбалскиот клуб Вардар е во Втората македонска лига.
Петре Шилегов можеше во изминатава година да најде начин наместо да се занимава со некои т.н. бугарски инвеститори, катарски спонзори итн. да најде вистинско решение за фудбалскиот клуб Вардар бидејќи тоа беше тука. Она кое што треба Петре Шилегов да го направи во наредниот период е да побара од сопственикот на клубот, прво да се обврзе да ги подмири сите долгови кои што се настанати до овој датум заклучно со 31.12.2021 година. Потоа да побара од сопственикот да ги даде на располагање и на користење комплексот за првата екипа во Гази Баба на фудбалскиот клуб Вардар. И подоцна Град Скопје да си го преземе тековното финансирање на нашиот ценет и сакан Вардар“ – изјави Нелоски.
Вардар следната сезона ќе се натпреварува во Втората лига Запад.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski