
Девет одиграни натпревари, без ниту една победа, со три нерешени и шест порази е разочарувачкиот ефект што го постигнаа фудбалерите на Лион на почетокот од францускиот шампионат. Клубот е далеку од славните денови на почетокот на векот кога, од сезоната 2001/2002 до 2007/2008 година освои седум титули во Лига 1.
Во тимот владее драма и незадоволство, а тренерот Фабио Гросо бара начин како да ја сврти ситуацијата.
Француските медиуми го истакнуваат неговиот гнев и драстичниот потег што го презеде вчера за да открие кој според него прави немири и пушта информации во јавноста. Ова го откри поранешниот играч на ПСЖ и поранешен француски репрезентативец Жером Ротен.
Тој тврди дека играч на Лион, чие име не сакал да го открие, му рекол дека Гросо е „еден од најлошите тренери што постојат“ и дека „ги одвоил играчите еден од друг“. Италијанскиот стручњак, кој освои само еден бод на четири натпревари со овој тим, после тоа реши да преземе драстични мерки.
Тој на почетокот на тренингот ги заклучи фудбалерите во соблекувалната, а во получасовната потрага по „кртот“ во тимот инсистираше да излезе и да признае што направил. Никој од играчите не сакаше да признае дека тој ги дава информациите на медиумите. Гросо го откажа и тренингот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Баерн Минхен го обнови интересот за Нкунку

Евро-фудбал
Марко Верати го промени клубот во Катар

Интернационалци
Фета Фетаи потпиша за Ал-Шарјах од ОАЕ

Евро-фудбал
Луис Дијаз се договорил со Баерн Минхен

Евро-фудбал
Марко Асенсио се враќа во Ла Лига?

Евро-фудбал
Шчешни останува во Барселона до 2027 година
