
ПСЖ и Нејмар би можеле да ja раскинат соработката по пет години. Сигурни извори од Франција денеска тврдат дека Нејмар е подготвен да си замине доколку тоа е желбата на клубот, но и дека сака директно да му кажат и да видат кои се решенијата.
Наводно, Нејмар би можеле да си го дозволат три клуба од Премиер – лигата, но тој сепак би морал да се согласи на намалување на платата, бидејќи во Париз има 50 милиони годишно.
Манчестер Јунајтед, Челси и Њукасл се подготвени да го доведат, но не под тие услови.
Јунајтед би гледал кон Нејмар само во случај Кристијано Роналдо да го напушти клубот, што се уште не е исклучено.
Челси ќе има пари, интересен би можел да биде Нејмар, особено ако се земе предвид дека ќе си заминат Хаким Зијеч и многу веројатно Тимо Вернер, додека Ромелу Лукаку практично веќе е во Интер.
Њукасл исто така има пари да го доведе, но прашање е дали ги исполнува амбициите на Нејмар. Бразилецот сака да игра во врвен клуб во годината на мундијалот и целта му е да го освои трофејот со Бразил.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal