Бразилската ѕвезда на Пари Сен Жермен, Нејмар, нема намера да го напушти клубот бидејќи сака да остане на „Паркот на принцовите“ до крајот на кариерата. Поранешниот играч на Барселона моментално има 31 година и неговиот актуелен договор со парижаните е до 2027 година.
Иако се шпекулира дека клубот сака да се раздели со него, тоа најверојатно нема да се случи.
Челси, Њукасл и Јувентус се заинтересирани за Бразилецот во последните месеци, а гласините за конфликт меѓу него и Мбапе ги подгреаја шпекулациите дека парижаните ќе се обидат да го продадат Неј.
Нејмар беше доведен во Барселона во 2017 година за рекордни 222 милиони евра, но ПСЖ сака да го реновира тимот на лето и да купи нови млади ѕвезди, со оглед дека и оваа сезона не ја исполни стратешката цел, да го освои трофејот во Лигата на шампионите.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП













