Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Бразилецот Нејмар, изјави дека би сакал да играл во ист тим со Португалецот Кристијано Роналдо. Ова е веројатно најава за тоа што ќе се случи во летниот преоден рок, трансфер на Роналдо од Јувентус во ПСЖ.
Бразилецот, кој неодамна го продолжи договорот со францускиот клуб, сега изрази желба да соработува со напаѓачот на Јувентус, откако претходно изјави дека би сакал повторно да игра со Лионел Меси.
„Сакам да играм со Кристијано Роналдо. Веќе играв со одлични играчи како Меси и Килијан Мбапе, но сè уште не сум играл со Роналдо “, изјави Нејмар за францускиот магазин „GQ“.
Се шпекулира дека Роналдо ќе го напушти Јувентус доколку тимот од Торино не избори пласман во Лигата на шампионите. „Старата дама“ во моментов е на петтото место на табелата, на три кола пред крајот на сезоната во Серија А.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Тотенхем сака да го купи Мејсон Гринвуд
Евро-фудбал
Јувентус се договорил со Спалети
Интернационалци
Растодер стрелец за Тун, Столе Димитриевски бранеше за Валенсија
Евро-фудбал
Аталанта ремизираше и против Милан (ВИДЕО)













