
Ла Лига ќе им дозволи влез на навивачите на стадионите во последните недели од сезоната, тврдат шпанските медиуми. Неколку илјадници фанови ќе можат да присуствуваат на најмалку четири натпревари од завршницата во шпанската лига. Се вели дека границата на посетители на стадионите ќе биде ограничена на најмногу 5.000 навивачи.
Вонредната состојба во Шпанија ќе биде укината на 9 мај, а со самото тоа и повторно ќе се отворат стадионите на навивачите. Инаку, во Шпанија се забрани влез на навивачи уште во март 2020 година.
На двата најголеми шпански гиганти Барселона и Реал Мадрид, им преостануваат уште три натпревари на домашен терен.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ
