Националните фудбалски првенства ќе се играат до крајот на јули или почетокот на август, а дотогаш ќе бидат одиграни и европските натпреварувања, Лигата на шампионите и Лигата на Европа. За септември се одложени бараж – натпреварите од плејофот во Лигата на нации за пласман на Европското првенство.
Мечот меѓу Македонија и Косово, кој првично беше закажан за 26.март, а потоа и одложен за 4.јуни, според најновиот предлог на УЕФА, е презакажан за почетокот на септември. Термините се од 3. до 8. септември, за полуфиналните и финалните мечеви во Лигата на нации.
Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, денеска има состанок преку видео-врска со претставниците на 55 земји членки да ги информира за најновите случувања и новите предвидени термини за одигрување на националните првенства, но и натпреварувањата во организација на УЕФА.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal













