Наполи, кој изгуби секаква надеж за одбрана на титулата од минатата сезона, ќе остане без услугите на голманот Алекс Мерет најмалку еден месец, објавија италијанските медиуми.
Италијанскиот репрезентативец ја заработи повредата во петокот за време на ремито 0-0 на тимот на домашен терен против Монца во 18. коло од Серија А.
„Прегледите покажаа дека Мерет се мачи со повреда на мускулот на левата натколеница“, соопштија од клубот.
Наполи моментално се наоѓа на осмото место на табелата, со 17 бода помалку од лидерот Интер.
Клубот не го прецизираше периодот на отсуство на Мерет, но според италијанскиот печат тој ќе биде надвор од терените најмалку четири седмици, а би можел да отсуствува околу 45 дена.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул му предложи нов договор на Шобослаи
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













