Наполи не само што не успеа да оствари победа против Сасуоло, туку загуби и еден од носителите на играта на тимот. Подолг период надвор од терените поради повреда ќе биде најважниот играч во одбраната Калиду Кулибали.
Тој заработи повреда на задната ложа и го чека пауза од најмалку еден месец. Работата да биде уште полоша, токму кога ќе се опорави, ќе мора да се приклучи на репрезентацијата која на 9 јануари ќе го започне учеството на Африканскиот куп на нации и е најголем фаворит за пласман во финалето кое е закажано за 6 февруари.
Во еден ваков случај, Наполи нема да може да смета на Кулибали цели два месеци.
Наполи веќе викендов го очекува многу важен натпревар во Серија А против Аталанта на стадионот „Диего Армандо Марадона“
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal