Connect with us

Наполи го шокирал Инсиње со понуда за 50% помала плата од сегашната

Наполи оваа сезона игра одлични во Серија А, но главното прашање што наскоро ќе треба да се реши е статусот на капитенот Лоренцо Инсиње, чиј договор истекува на последниот ден од јуни 2022 година.


Инсиње целата своја кариера ја помина во градот под Везув, но многу веројатно е дека ќе дојде до разделба на крајот од сезоната. Преговорите за нов договор не се во одвиваат во позитивна насока. Напротив.

Наполи му понудил нов договор на Инсиње со 50% помала плата од сегашата, а фудбалерот останал шокиран од овој предлог.

За Инсиње голем интерес покажува англискиот премиерлигаш Арсенал, а во опција се и Интер и Атлетико Мадрид.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови