Connect with us

Најдовски: Вардар, како и секогаш, оди на победа и против Силекс

Единаесеттото коло од домашниот фудбалски шампионат се заокружува во текот на денешниот ден, а последниот дуел, закажан од 17 часот, е оној на Арената Тодор Проески во Скопје, каде што се среќаваат екипите на Вардар и Силекс.

Ова е дуел на два тима кои се во самиот врв на табелата. Вардар и Силекс сезонава покажаа завидно ниво на квалитет и заслужено се во трката за шампионскиот трофеј.

Домаќинот по одличниот настап во Тетово против Шкендија и победата во големо дерби сега има задача да го потврди тоа со домашен триумф против тимот од Кратово.

Во Тетово, еден од најдобрите на теренот беше искусниот Филип Најдовски. Стоперот по месеци рехабилитација од повредата конечно заигра и го зазема своето место во тимот.

„По долга пауза на секој играч му е потребно време за да се врати во колосек што се вели и да ја достигне потребната форма. Така и јас. Долго време без надвор од теренот, но со напорна работа и тренинзи секако дека може да се дојде до тоа. Јас во ниту еден момент не се сомневав во мојот кам бек. Благодарност до сите кои што работеа со мене во текот на сите овие месеци“ – вели Најдовски, а потоа го коментира дербито против Шкендија.

„Клучна беше тактиката која беше одлично поставена од страна на стручниот штаб. Играта на сите момци кои настапија на овој меч. Заслужено победивме на тој меч“ – вели Најдовски кој потоа го коментира и денешниот дуел против Силекс.

„Ние веруваме во нашата способност да одиме на победа на секој меч. Тоа значи и за овој против Силекс. Респект за противникот, одлично ја стартуваше сезоната, но ова е Вардар. Ние, сите кои што сме дел од клубот во моментов мора да ни е јасно дека овој тим на секој меч мора да оди на победа и дека титулите и пехарите овдека мора да се константа. Победата ќе ни го остави првото место на табелата во наши раце, нешто што е примарна цел секако“ – вели искусниот дефанзивец.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови