Голгеторот на Кит Го од Пехчево, Антонио Бујчевски без сомнение е најдобриот играч на 16. коло во второлигашката конкуренција на домашната фудбалска сцена.
Бујчевски постигна четири гола во триумфот на Кит Го од 6-1 против Партизан Обршани со што без сомнение се издвои изминатиов викенд, како поединец кој го одбележа 16. коло. Сепак, Бујчевски вели дека неговите погодоци и убедливата победа се исто така резултат на целокупниот колектив, а не на него како поединец.
„Ни беше повеќе од добредојдена убедливата победа како мотив за продолжението од сезоната. Секако задоволен сум со четири постигнати гола, но мора да нагласам дека тие се резултат на колективната игра и моите соиграчи. Верувам дека и во иднина ќе продолжиме во ист стил, а Кит Го ќе продолжи силно да чекори на патот на остварување на зацртаните цели“ – вели Бујчевски.
Во следното 17. коло од Втората лига – Исток, Кит Го на 23. март го очекува дерби пресметката против Борец во Велес.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Интер остана без Ачерби до крајот на годината
Втора лига
Жоглев ја засили Шкендија Арачиново
Евро-фудбал
Баерн се мачеше, но го победи Спортинг (ВИДЕО)













