Connect with us

Најава за размена: Родриго во Тотенхем, Мики ван де Вен во одбраната на Реал

Бразилецот Родриго Гоеш се наоѓа во деликатна ситуација во Реал Мадрид. Тој не ја добива посакуваната минутажа од тренерот Чаби Алонсо и подолг период се најавува неговото заминување од „Сантијаго Бернабеу“.

Тој беше на излезна врата и пред неколку месеци, иако никогаш не пристигна конкретна понуда. Флорентино Перез бараше 100 милиони евра, а ниту еден клуб не беше подготвен да издвои таква сума.

Од Англија се појавија информации за интересот на Тотенхем за него, кој е подготвен да го доведе, иако Реал Мадрид веројатно нема да го олесни трансферот. Во исто време, од „кралскиот клуб“ имаат многу високо мислење за Мики ван де Вен, дефанзивецот на Тотенхем, па тоа отвора можност за евентуална размена на играчи меѓу двата клуба.

Целта на Реал Мадрид во наредниот период е да ја зајакне и да ја подмлади одбраната. Доаѓањата на Трент Александер-Арнолд, Алваро Карерас и Дин Хаусен треба да бидат само почеток на процес на транзицијата. Покрај тоа, Давид Алаба и Антонио Рудигер се многу блиску до заминување.

Интересен аспект за Реал Мадрид е тоа што Мики ван де Вен има само 24 години и има перспективна кариера пред себе.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови