Connect with us

Нагелсман: Нојер се враќа на гостувањето против Херта

Тренерот на Баерн Минхен, Џулијан Нагелсман, најави дека Мануел Нојер ќе се врати во тимот за утрешното гостување кај Херта во Бундес – лигата.


„Мануел Нојер ќе тренира со тимот денеска. Мораме да видиме како ќе реагира неговото рамо, но мислам дека ќе отпатува со нас во Берлин и ќе игра утре. Лирој Сане и Лукас Хернандез исто така ќе се вратат во тимот. Томас Милер и Матијс де Лихт се уште се надвор од составот“, изјави стратегот.

Нагелсман го коментираше и претстојниот ждреб за осминафиналето во Лигата на шампионите в понеделник.

„Сигурно има полесни противници од Ливерпул. Но, знам дека и многу други тимови нема да сакаат да се соочат со нас. Сегашната форма не е важна, натпреварите ќе се играат за неколку месеци“, вели Нагелсман.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови