Германскиот првак Баерн Минхен доживеа шокантна елиминација од Вилјареал во четвртфиналето на Лигата на шампионите, а тоа откри многу тајни од соблекувалната на баварскиот тим. Таму не владее најдобра атмосфера, а германските медиуми тврдат дека фудбалерите се незадоволни од методите на работа на младиот стратег Џулијан Нагелсман.
Досега неколкупати Хасан Салихамиџиќ и Оливер Кан морале да ја смируваат ситуацијата и да го гасат пожарот, затоа што фудбалерите одбиваат да работат според „спартанските“ методи на Нагелсман.
Водач на „бунтот“, според медиумите, е Роберт Левандовски, кој заедно со уште неколкумина поискусни фудбалери, го обвиниле Нагелсман дека токму тој е „виновен“ за слабите игри против Вилјареал, затоа што премногу ги оптоварил на тренинзите.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул му предложи нов договор на Шобослаи
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













