
Џулијан Нагелсман ќе биде новиот селектор на Германија, тврди „Билд“. Нагелсман ќе го наследи Ханси Флик, а тоа ќе биде негова нова работа откако во март доби отказ од Баерн.
Нагелсман во кариерата ги водеше Хофенхајм, РБ Лајпциг и Баерн, а сега првпат ќе биде селектор на репрезентација.
Би требало да заработува околу четири милиони евра годишно. Тој ќе ја предводи Германија на Европското првенство во 2024 година, каде очекувањата на домаќинот се големи и покрај кризата на играта и резултатите во последно време.
Нагелсман ја освои Бундес – лигата и два Суперкупа со Баерн, а еден Куп освои со Лајпциг.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
