МАКФУДБАЛ во Ереван,
Македонската фудбалска репрезентација игра 0-0 против Ерменија по првото полувреме од натпреварот во Ереван. Нашиот тим можеше да поведе, но ВАР технологијата пресуди во корист на противникот во ситуација во која се решаваше дали да се признае гол за Македонија на самиот почеток од мечот.

Во петтата минута Македонија постигна погодок. Милиметри одлучуваа, а ВАР ја донесе одлуката во корист на Ерменија откако Никола Серафимов со глава ја затресе мрежата по асистенција од Елиф Елмас од левата страна.
По долга проверка, голот беше поништен поради офсајд, иако се работеше веројатно само неколку милиметри.
Ерменскиот тим постојано се обидуваше да изгради напади, но честопати грешеа во последните додавања или нивните удари кон голот на Димитриевски беа непрецизни. Во 15. минута Хофханисјан упати шут над голот, додека во 32. минута многу посериозно се закани Едуард Спертсјан, но и неговиот удар заврши надвор од рамките на македонскиот гол.
Во 45.минута, Артур Миранјан имаше одлична шанса со глава, но неговиот удар заврши за малку крај дирекот. Тоа беше и најдобрата можност за домаќинот во првото полувреме.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул му предложи нов договор на Шобослаи
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













