
Фудбалската репрезентација на Македонија има 0-0 против Казахстан по првото полувреме од квалификацискиот натпревар што се игра на Арената „Тодор Проески“ во Скопје. Избраниците на Благоја Милевски имаа неколку шанси, но не успеаја да ја начнат мрежата на противникот.
Во 19.минута, гостите ја имаа првата посериозна можност. Една нафрлена топка од левата страна се одби над Столе Димитриевски, а за среќа напаѓачот Чесноков со глава ја упати над гредата.
Три минути подоцна со удар од далечина се закани и Каженбек, но директно во добро поставениот Столе Димитриевски.
Во 24.минута, прва убава можност и за Македонија. Алиоски нафрли од левата страна, Милан Ристовски шутираше со глава, но Сејсен одбрани.
Многу посериозна беше шансата на Македонија во 34.минута. Илиевски нафрли од десната страна, Милан Ристовски зафати волеј, но голманот на Казахстан одбрани и исфрли во корнер.
По ударот од аголот, уште една закана од Милан Ристовски со глава, но повторно Сејсен успеа да одбрани.
Минаа првите 45 минути, во вториот дел ќе мора поефикасно.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Ламин Јамал се врати на тренинзите на Барселона

Евро-фудбал
Тунис на доминантен начин стигна до СП 2026

Млади репрезентации
Данев: Сакаме да влеземе во серија, да ја победиме и Црна Гора на гости
