Фудбалската репрезентација на Македонија одигра 1-1 против Казахстан во Скопје и ја загуби лидерската позиција на табелата во квалификациите за СП 2026. Сега сме второпласирани, со бод заостанување зад Белгија, но и третопласираниот Велс има натпревар помалку од нас.
Селекторот Благоја Милевски не е задоволен од резултатот, како и од играта во првото полувреме. Признава и дека можеби требаше да стартува со друга формација.
“Влеговме малку нервозно во натпреварот, можеби и малку се почувствува заморот, но, сепак, сакам да им честитам на фудбалерите за се што дадоа на овие два меча против Белгија и вечерва против Казахстан. Со изданието во вториот дел, поблиску бевме до победа, меѓутоа не успеавме. Ако сега ме прашувате, на стартот немаше да играм со таа формација. Потоа направивме промени на полувремето и во вториот дел делувавме многу подобро. Сакам да им се заблагодарам на навивачите кои дојдоа во голем број да не бодрат, можат да сметаат дека секогаш оваа Македонија ќе го дава максимумот”, изјави Благоја Милевски на прес-конференцијата.
Селекторот на Казахстан, Талгат Бајсуфинов, беше задоволен од играта на неговиот тим.
„Задоволен сум од резултатот и од играта против Македонија. Во првото полувреме успеавме со висок пресинг малку да ја сопреме Македонија во креирањето на играта во средниот ред. Покажавме стабилност, што во минатото оваа селекција го немаше. Постигнавме гол за водство во второто полувреме, но Македонија израмни со одлично изведен слободен удар. Мислам дека ова е вистинскиот пат по кој треба да оди репрезентацијата на Казахстан“, рече казахстанскиот селектор.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа
Евро-фудбал
Фулам размислува за смена на Марко Силва
Евро-фудбал
ПСЖ сака да го купи Упамекано од Баерн
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ
Млади репрезентации
Македонија У21 во Охрид ќе се подготвува за дуелите со Шведска и со Полска
Евро-фудбал
Атлетико Мадрид има нови сопственици
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ













