Фудбалската репрезентација на Тунис ја заврши квалификациската кампања за Светското првенство на впечатлив начин, освојувајќи го првото место во групата Х. Тунижаните доминантно ги завршија квалификациите, со девет победи и само еден нерешен натпревар, обезбедувајќи директен пласман на мундијалот.
Во последниот натпревар, Тунис ја победи Намибија со 3-0. Стрелци за домаќините беа Али Абди, Ханибал Меџри и Фержани Саси.
Намибија заврши како второпласирана во групата, со ист број бодови како и третопласираната Либерија, но со подобра гол-разлика.
Либеријците имаа шанса да ја заземат втората позиција и да се надеваат на бараж, но за тоа им беше потребна победа на гостувањето кај Екваторијална Гвинеја. Мечот заврши нерешено 1-1, па нивните надежи пропаднаа.
Во последниот натпревар од истата група, Сао Томе и Принципе ја победи селекцијата на Малави со 1-0.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар е на чекор до титулата, потребен му е само уште едне бод за...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Никола Величковски (Брера)
Брера грчевито се бори да го избеге баражот за обезбедување прволигашки статус, а младиот...
Автор makfudbal













