Бразилскиот дефанзивец Бремер се соочува со нов удар во својата кариера. Иако по операцијата на предниот вкрстен лигамент пред една година успешно се врати на терените и остави одличен впечаток, фудбалерот на Јувентус повторно заработи повреда — и тоа на истото колено.
Според наодите на француските специјалисти за ортопедија, Бремер има пукнатина на медијалниот менискус на левото колено. Поради тоа, денес му е извршена артроскопска менисектомија.
Од Јувентус претходно потврдија дека интервенцијата ќе се изврши во Франција, а според првичните прогнози, дефанзивецот ќе биде надвор од терените меѓу еден и два месеца.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар направи клучен чекор кон титулата, откако Шкендија се сопна и во Кратово. Брера...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Вардар со една рака веќе го држи шампионскиот трофеј откако во 30.коло го победи...
Автор makfudbal













