Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва ќе го одигра еден од клучните натпревари во квалификациите за Светското првенство, кога на Националната арена „Тодор Проески“ ќе го пречека Казахстан. Средбата од осмото коло од мундијалските квалификации започнува во 20:45 часот.
За избраниците на селекторот Благоја Милевски постои само една опција – победа. Трите бода би го задржале националниот тим во трка за пласман на Мундијалот во САД, Мексико и Канада.
По оваа рунда, расплетот во групата Ј ќе стане многу појасен. Во ист термин, Велс во Кардиф ќе ја пречека Белгија, што дополнително може да влијае на пласманот.
„Очекува нè тежок натпревар. Казахстан уште на првиот меч во Астана покажа дека има квалитет. Сега имаат нов селектор и поинаков пристап, но ние сме подготвени“, изјави селекторот Благоја Милевски пред дуелот.
Првиот натпревар меѓу овие две селекции, одигран на 9 јуни, заврши со минимална победа на Македонија од 0-1, благодарение на голот на Александар Трајковски.
За разлика од мечот против Белгија во Гент, сега се очекува на теренот една многу поофанзивна Македонија. Сега ние сме фаворити и бараме триумф над Казахстан.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Челси ја сака младата ѕвезда на Реал Мадрид
Евро-фудбал
Претседателот на Наполи ги нападна УЕФА и ФИФА
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички













