Англискиот премиерлигаш Њукасл доби нови супербогати сопственици, но се мачи да ја оствари првата победа во Премиер – лигата. Не победи и синоќа во 14.коло, но тоа не ги обесхрабрува челниците на клубот. Тие сметаат дека се ќе биде поинаку кога ќе доведат неколку засилувања во зимскиот преоден рок. На врвот на листата на желбите е Габи-гол.
Габриел Барбоса дојде во Интер на 20 години. Имаше голем товар на неговите плеќи во гигантот од Серија А, а цената што ја платија „нероаауирите“ од 30 милиони евра му беше голема тешкотија.
Се врати во Бразил и експлодира. Прво постигна 19 гола за Сантош, а потоа одигра 121 натпревар во дресот на Фламенго, 83 пати се запиша за стрелците и додаде 33 асистенции на своето конто.
Габи-гол и сега има само 25 години, а го посакува Њукасл, кому очајно му треба напаѓач-убиец за да опстане во Премиер лигата. „Чавките“ нудат 30 милиони евра и трансферот треба да се комплетира во јануари.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal