Висар Муслиу беше еден од клучните фудбалери во одбраната на македонската репрезентација во ремито 1-1 против моќната Белгија. Стоперот одигра стабилен меч, со неколку важни интервенции против белгиските ѕвезди, а по натпреварот ги пофали сите свои соиграчи за одговорната и дисциплинирана игра.
„Свесни бевме против кого играме – Белгија има голем број играчи од највисоко ниво, но колективно, како тим, одлично го одигравме дефанзивниот дел. Сите дадовме максимум, а и голманот Димитриевски неколку пати маестрално интервенираше. Мислам дека резултатот е реален, иако со играта во второто полувреме можеби можевме и повеќе“, изјави Муслиу.
Македонија попладнево патува за Казахстан, а тренингот пред четвртиот меч од квалификациите за Мундијал 2026 е закажан за в недела.
„Нашата цел е јасна – продолжуваме понатаму и веќе се фокусираме на дуелот со Казахстан“, порача Муслиу.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да го купи Упамекано од Баерн
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ
Евро-фудбал
Ливерпул го купува Бастони за 100 милиони евра
Евро-фудбал
Роналдо: Ќе се пензионирам за година или две
Евро-фудбал
Конте: Не сакам да водам „мртов тим“
Млади репрезентации
Македонија У21 во Охрид ќе се подготвува за дуелите со Шведска и со Полска













