
На инсистирање на тренерот Жозе Мурињо, челниците на Рома подготвија 16,5 милиони евра за фудбалерот на Манчестер Јунајтед Диого Дало, пренесува „Кориере дело спорт“. Португалскиот стручњак сака со сите сили да го доведе својот 22-годишен сонародник на „Олимпико“.
Од друга страна, Дало сака да го напушти „Олд Трафорд“ и повторно да се обедини со Мурињо, кој го донесе во Манчестер летото 2018 година од Порто за 22 милиони евра.
„Црвените ѓаволи“ се отворени за опцијата за заем со опцијата за откупување на договорот. Рома е подготвена да плати заем од 1,5 милиони евра со откупна клаузула од 15 милиони евра, со што максималната сума на зделката ќе достигне 16,5 милиони евра. Сепак, тоа можеби не е доволно за да го задоволи Јунајтед.
Дало минатата сезона ја мина на позајмица во Милан, каде одигра 33 натпревари и забележа два гола и три асистенции во сите натпреварувања, но клубот од „Сан Сиро“ реши да не ја искористи опцијата за откуп на неговиот договор и Португалецот се врати во Јунајтед.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Јани Атанасов се врати во Краковија

Евро-фудбал
Тами Ејбрахам ќе потпише за Бешикташ

Евро-фудбал
Луис Енрике: Одигравме перфектен меч

Евро-фудбал
Баерн во голеадата поуспешен од Фламенго (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез

Евро-фудбал
Алегри го сака Серху Гираси во нападот на Милан

Интернационалци
Едиз Спахиу на радарот на Сиваспор
