
Жозе Мурињо вели дека ова лето ја одбил најголемата понуда што ја добил еден тренер во историјата на фудбалот.
Тренерот на Рома не ја почна добро сезоната и со „волчицата“ освои пет бода од шест кола и сега е под притисок.
„Во текот на летото ја имав најголемата, најлудата понуда која тренер ја имал во историјата на фудбалот и ја одбив бидејќи им дадов збор на моите играчи, Фридкин и на навивачите. Три месеци подоцна, изгледа дека јас сум проблем, но нема да прифатам. Не читам весници, ниту гледам телевизија, но другарите ми велат дека тоа е она што го велат. Не сум јас проблемот. Има многу фактори. Дадов збор и ќе го почитувам до 30 јуни 2024 година. Јас сум тука да се борам секој ден за играчите, сопствениците, навивачите. Има само еден човек кој може да ми каже дека е готово пред 30-ти јуни, а тоа е Фридкин. Ако не ми каже, тука сум до 30-ти јуни.“ .
“Кога веќе не чувствувате љубов, мора да кажете доста е. Понекогаш сте уморни дури и ако нема проблеми во врската. Има тренери во клубови како Манчестер Сити кои можат да платат 100 милиони за играч без да трепнат “, заклучи Жозе.
Мурињо е во Рома од 2021 година и со овој клуб ја освои Конференциската лига.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Томче Гроздановски потпиша за романскиот тим Конкордија

Евро-фудбал
Јувентус се вклучува во трката за Виктор Ѓокереш

Евро-фудбал
Европскиот првак ПСЖ го суреди Атлетико

Прва лига
Шкендија го врати и Ендрит Красниќи

Евро-фудбал
Арсенал повторно се фокусира кон Оли Воткинс

Евро-фудбал
Батурина пристигна во Комо за 17 милиони евра
