Десниот бек на Шкендија, Мевљан Мурати е задоволен што неговиот тим има и натаму предност од осум бода во однос на конкурентите за шампионската титула која носи барем мала смиреност за продолжението од шампионатот.
„Ако се гледа доминацијата против Македонија ЃП тогаш сигурно мораше да освоиме три бода. Но, во фудбалот не секогаш го реализирате зацртаното. Сепак, имаме квалитетни осум бода предност и нив мора мудро да ги чуваме во продолжението. Ние сме во навистина добра позиција и таа предност низ следните натпревари треба дополнително да ја зацврстуваме“ – вели Мурати, притоа дополнувајќи:
„Фокусот сега е на мечот со Беласица. Ние максимално го почитуваме секој противник. Знаеме дека нема да биде лесен дуел, а бодовите ќе дојдат само ако дадеме максимум од нашите можности. Има време оваа недела комплетно да се подготвиме за тој дуел“.
А, во очекување на следниот првенствен дуел со Беласица, Шкендија утре планира и тест натпревар со второлигашот Гостивар.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Интернационалци
Агон Елези стрелаше во вечното босанско дерби (ВИДЕО)
Евро-фудбал
ПСЖ ја наполни мрежата на Рен
Евро-фудбал
Беренгер го урна Атлетико Мадрид (ВИДЕО)













