
Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини упати честитки до македонската сениорска репрезентација за пласманот во финалето од Лигата на нации и до македонската репрезентација до 21 година за извонредниот настап во квалификациите за Европското првенство.
„Би сакал да ги пренесам моите искрени и длабоки честитки до сите Вас, фудбалерите, стручниот штаб и сите оние кои дадоа придонес за големиот резултат и можноста македонската репрезентација да настапи во финалето од Лига на нации за пласман на Европското првенство, како и за победата на македонската репрезентација до 21 година од квалификациите за младинското Европско првенство.
Нашата најдобра репрезентација покажа извонреден квалитет и пласманот во финалето од Лига на нации е доказ за добрата работа и талентот на оваа генерација.
Со својот напор и пожртвуваност, со заедништвото и вербата во себе на целата држава им ја донесовте најголемата вредност: Ја вративте надежта и радоста во секое наше семејство.
Вие сте нашата најуспешна генерација и бидете горди на начинот на кој ја промовирате нашата земја и нашиот фудбал.
Триумфот и пласманот во финалето е доказ дека и мала држава како Македонија може да дојде на чекор до историски резултат и затоа сите заедно треба да продолжиме кон истата цел и да покажеме дека соништата можат да станат стварност со многу труд и посветеност“, вели претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини во изјава за официјалниот сајт на федерацијата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У19 подобра од БиХ на првиот тест

Евро-фудбал
Велс го победи Казахстан и го презеде врвот

Млади репрезентации
Започнува продажбата на билети за мечот Македонија – Италија (У21) во Битола

Млади репрезентации
Дашмир Елези: Одиме меч по меч, Македонија може многу во овие квалификации

Интернационалци
Бојан Димоски потпиша за ТСЦ
