Connect with us

Може ли Конте да се врати во Јувентус?

Италијанскиот калчолигаш Јувентус најверојатно ќе го замени Андреа Пирло на крајот од сезоната, а досега Масимилијано Алегри се споменуваше за негов наследник. Но, на Апенините се појави и шокантна приказна дека Антонио Конте по освојувањето на титулата би можел да замине од Интер и да се врати во редовите на „старата дама“.


„Пирло ќе замине без разлика како ќе зaврши сезоната. Алегри е најреална опција, но треба да внимаваме и на враќањето на Антонио Конте“, пишува „Кориере дело спорт“.


Антонио Конте со тимот на Интер е на прагот да ја прекине доминацијата на Јувентус од девет титули во низа во италијанскиот шампионат.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови