Италијанскиот калчолигаш Монца го отпушти тренерот Алесандро Неста поради слаби резултати во Серија А оваа сезона. Под негово водство, тимот оствари само една победа и се наоѓа на последното место на табелата со 10 бода.
Неста, поранешен италијански репрезентативец и дефанзивец на Лацио и Милан, ја презеде Монца на крајот од минатата сезона, заменувајќи го Рафаеле Паладино, кој замина во Фиорентина. Ова беше негово прво тренерско искуство во Серија А.
AC Monza comunica di aver sollevato Alessandro Nesta dall’incarico di allenatore della Prima Squadra.
— AC Monza (@ACMonza) December 23, 2024
Il Club ringrazia il tecnico per quanto fatto finora e gli augura il meglio per il futuro. pic.twitter.com/RjgdhmHwBC
Последниот пораз на Монца од Јувентус со 1-2 беше трет последовен и деветти пораз од вкупно 17 натпревари. Единствената победа беше против Верона во октомври. Според италијанскиот весник „Газета дело спорт“, фаворит за нов тренер на Монца е Салваторе Бокети, кој во периодот од октомври до декември 2022 година го водеше тимот на Верона.
Бокети, поранешен дефанзивец со искуство во клубови како Џенова, Рубин Казан и Милан, ја започна својата тренерска кариера во младинските категории на Верона, пред да биде назначен за тренер на првиот тим во октомври 2022 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal