
Лука Модриќ го одигра својот последен натпревар во дресот на Реал Мадрид против Пари Сен Жермен во полуфиналето на Светското клупско првенство. Иако се надеваше на победа и пласман во финалето, 38-годишниот хрватски плејмејкер со емоции и благодарност се прости од клубот по 13 историски години поминати во „кралскиот“ дрес.
Пред официјалните канали на клубот, Модриќ упати трогателна порака до претседателот Флорентино Перез, своите соиграчи и навивачите.
„Претседателот беше многу важен за мене, пред сè затоа што тој ме донесе тука. Од тој момент, секогаш покажуваше посебна приврзаност и се однесуваше прекрасно со мене. Сега можам да го кажам тоа: се однесуваше поинаку со мене. И мислам дека тоа го покажа на мојот последен натпревар, затоа што никогаш не сум го видел да плаче“, рече Модриќ.
„Заврши едно незаборавно, славно и победоносно поглавје. Она што го доживеав тука ме прави уште посреќен. Да се сетам на сè што постигнав тука ми носи голема радост, иако сум на крајот на оваа фаза. Во Реал Мадрид израснав како фудбалер и како човек. Реал ми даде сè во фудбалот и засекогаш ќе бидам благодарен. Засекогаш ќе бидам мадридиста“, додаде тој.
Запрашан за највпечатливиот момент во дресот на Реал Мадрид, Модриќ го издвои освојувањето на „Ла Десима“ – десеттата титула во Лигата на шампионите, во 2014 година на стадионот „Ештадио да Луж“ во Лисабон.
„Секогаш ја избирам ‘Ла Десима’ како омилен момент. Тука започна нашата династија. Шест Лиги на шампиони за 10 години – неверојатно. Начинот на кој ја освоивме таа титула, тоа е Реал Мадрид – борба до крај, никогаш предавање. Никогаш нема да ја заборавам прославата на Сибелес“, рече Лука.
Со 597 натпревари за „кралскиот клуб“, Модриќ си заминува како еден од најголемите во историјата на Реал Мадрид – со наследство исполнето со трофеи, класа и лидерство што засекогаш ќе остане во спомените на „Сантијаго Бернабеу“.
Следната станица во неговата кариера ќе биде Милан.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ

Интернационалци
Бојан Димоски пред трансфер во ТСЦ Бачка Топола

Евро-фудбал
Чиро Имобиле ќе паузира два месеца
