
Лука Модриќ ќе потпише продолжување на договорот со Реал Мадрид и ќе остане во клубот уште една сезона. Истото важи и за Тони Крос, германскиот играч за врска и негов долгогодишен партнер во средниот ред на тимот.
Модриќ одби огромна понуда од Саудиска Арабија затоа што сака да остане на „Сантијаго Бернабеу“.
Интересно е дека Хрватот сам инсистирал на состанок со претседателот Флорентино Перез за да ги расчисти дилемите околу својата иднина. Средбата се одржала пред реваншот од полуфиналето на Купот на Кралот против Барселона на 5 април.
„Средбата се одржа на барање на играчот. Извори од Мадрид изјавија дека Модриќ лично сакал да му каже на Перез дека сака да остане и дека тоа секогаш му било приоритет“, тврди „Атлетик“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се засили со Луис Енрике
