Connect with us

Миовски стрелец за Абердин, кој испадна од Европа, Манев и Адана немаа среќа при пеналите (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Јован Манев и неговиот тим Аданаспор се елкиминирани од Генк во плејоф колото во Конференциската лига. Белгискиот тим славеше на пенали.


Во регуларниот дел од мечот на реваншот Аданаспор славеше со 1-0 и ја анулираше предноста од еден гол на Белгијците по првиот меч. Но, откако во продолженијата немаше промени, на крај по пеналите Генк славеше со 5-4.


Бојан Миовски повторно беше стрелец за Абердин во плејофот од квалификациите за Лигата на Европа. На реванш дуелот во Шкотска, неговиот тим загуби со 1-3 од шведскиот Хакен и не успеа да се избори за групите од Лигата на Европа.


Миовски постигна гол од пенал во 55. минута.


Стефан Ристовски со Динамо Загреб ќе игра од групте во Конференциската лига, откако хратскиот клуб загуби од Спарта Прага со 4-1 во плејоф колото за пласман во Лига Европа.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови