
Фудбалската репрезентација на Македонија ремизираше (1-1) против Велс во вториот меч од квалификациите за СП 2026, прв на домашен терен. Многу емоции, оддадена почит за настраданите во трагедијата во Кочани, желба да се стигне до позитивен резултат. Имаше и таму горе на небото кои навиваа за Македонија. И падна подарок од небото за Македонија. Но, Велс успеа да израмни во последната секунда.
Голема грешка на одбраната на Велс во 90. минута, а Бојан Миовски ја искористи на најдобар можен начин и ја погоди мрежата, откако излезе сам пред голманот Карл Дарлоу.
Останаа уште две минути, требаше да се одбраниме. Сите застанавме во одбрана, а Велс тогаш е најсилен. Дејвид Брукс погоди за 1-1.
⚽️ GOAL: David Brooks
— Goals Xtra (@GoalsXtra) March 25, 2025
🇲🇰 North Macedonia 1-1 Wales 🏴pic.twitter.com/07E84hTCG6
На крајот од овој мини-циклус, во отсуство на првиот фаворит Белгија, кој сѐ уште не започнал со натпреварите поради учеството во плејофот од ЛН, Македонија се наоѓа на првата позиција со четири бода, колку што има и Велс, но со послаба гол-разлика.
Во првото полувреме немаше многу возбудувања. Тактички речиси совршени беа и двете репрезентации, Велс малку поофанзивен, но и Македонија со цврст бедем пред сопствениот гол.
По скромниот прв дел, кога и двете селекции повеќе внимаваа на сопствениот гол, во второто полувреме сепак видовме и стопроцентни шанси.
Првата ја имаше Дарко Чурлинов, кој во 65.минута се најде откосо од десетина метри, упати силен удар, но Карл Дарлоу успеа да одбрани.
Возврати Велс само шест минути подоцна. Првата ѕвезда на Велс, Бренан Џонсон, имаше можност, шутираше од 14 метри, но на самата гол-линија блокираше Висар Муслиу и спречи сигурен гол за гостите.
Во 81.минута, уште една одлична шанса за Македонија. Барди подготви шанса за Алиоски, кој остро нафрли во петерецот, а двајца македонски фудбалери во пад со лизгачки старт не успеаја да ја зафатат топката и да ја спроведат во мрежата.
И кога сите чекаа крај, подарок дојде за Миовски, а тој е стрелец што тоа не го пропушта.
Но, и тоа не беше крај. Велс нападна во последните мигови, а Дејвид Брукс успеа да израмни. Буквално во последната секунда.
Казахстан ја оствари првата победа и дојде до првите три бода, совладувајќи го Лихтенштајн на гости со 0-2. Максим Самородов во 42.минута и Александр Марочкин во 45.минута беа стрелци за гостите на дуелот во Вадуц.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг „украде“ бод од Кратово, а Шкендија, Струга ТЛ и Работнички...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Горазд Михаилов (Беса)
Беса го направи најголемото изненадување во 23.коло од Првата фудбалска лига. Не е лесно...
Автор makfudbal