Connect with us

Министерот за спорт: Ќе им ги одземеме лиценците за дејност спорт на Кожуф и на Башкими, ако се потврдат сомнежите

Министерот за спорт, Броко Ристовски преку социјалните мрежи ја имаше првата реакција за скандалот кој се случи во Гевгелија на мечот меѓу Кожуф и Башкими.

Башкими постигна скандалозен гол во судиското продолжение од мечот, домашните фудбалери стоејаа, а гостите постигнат погодок за триумф.

Срамниот погодок ја згрози јавноста во Македонија, а со реакција се јави и министерот Борко Ристовски.

„Ќе ги почекаме извештаите од ФФМ и доколку се потврдат сомнежите, на фудбалските клубови Кожуф и Башкими по итна постапка ќе им биде одземена дејноста спорт“, изјави министерот Ристовски.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови